Бојан Јовановски Боки 13 преку „Инстаграм“ се обрати до своите следбеници, потенцирајќи дека иако неговото здравје сè уште е загрозено, не бара сожалување, туку само достинствено, воздржано и човечко однесување.

За да престанете со шпекулациите и дезинформациите, ќе ви го кажам ова. Да, точно е, по сите хируршки интервенции, насобран стрес, компликации, бројни дневни терапии и секојдневна борба со болеста, косата ми е падната и ставена ми е вештачка коса. Се надевам дека сега една група на поединци е задоволна и среќна… И доста веќе ми ја коментирате мојата болест и здравје. Само јас знам како се чувствувам и како сум. Дополнително, единствено што ве замолувам и барам е да не бидам предмет на вашето сожалување. Единствено барам достинствено, воздржано и човечко однесување. Јас сум бил и ќе останам борец, а на поединците кои се радуваат, коментираат и се шегуваат на болест на друг им посакувам среќа, ќе им треба бидејќи кармата е кучка, напиша тој на својот Инстаграм профил.