Според едно ново истражување на Универзитетот од Портсмут, човекот може да почине и од самото губење волја за живот, појава позната како „болест на откажување“ или со медицински речник – психогена смрт.

Истражувачкиот тим предводен од д-р Џон Лич посочува дека таа состојба е последица од траума што за лицето се чини неизбежна, а смртта притоа е „рационална и неизбежна појава“, но не како самоубиство.

Смртта може да се случи и само три дена по почетното повлекување во себе… Психогената смрт е реалност. Тоа не е самоубиство и не е поврзано со депресија. Тоа е едноставно откажување од својот живот и смртта обично следи по неколку дена. Тоа е многу реална состојба најчесто поврзана со тешки трауми, истакнува Лич.

Научникот смета дека тоа веројатно е предизвикано од промени во сингуларниот кортекс на мозокот, одговорен за мотивацијата кај човекот