По објавувањето на она што Ерусалим пост го опиша како “внимателен, емотивен говор пред публика во Центарот за конвенции во Ерусалим”, Левински требаше да даде 15-минутно интервју со Јонит Леви од Канал2.
Откако напушти, Левински преку твитер се огласи дека новинарката Леви го прекршила договорот и со прашањата излегла надвор од темата.
“Неодамна, во интервју за Ен-Би-Си њуз, поранешниот претседател Бил Клинтон беше многу гневен кога беше прашан дали тој лично ви се извинил и рече дека ви се извинил јавно. Дали се уште очекувате лично извинување? “, праша Леви.
Во тој момент Левински рече: “Жал ми е, нема да можам да го направам тоа” и нагло ја напушти сцената.
so here’s ?? what happened… pic.twitter.com/Y7gLs3SDLF
— Monica Lewinsky (@MonicaLewinsky) September 3, 2018
“По денешниот разговор за опасностите и позитивните страни на Интернетот, требаше да се одржи 15-минутен разговор за следење на темата на мојот говор (не е интервју за вести)”, пишува Левински. “Имаше јасни параметри за тоа што ќе разговараме и што не. Всушност, прашањето што сакаше да ми го постави, требаше да го направи кога се запознавме претходниот ден. Реков дека тоа е надвор од границите. Кога ме праша на сцената, со бесрамно непочитување на нашиот договор, ми стана јасно дека сум била во заблуда”.
Comments are closed for this post.