Синоќа на филмскиот фестивал во Венеција учествуваа   и поранешните сопружници Моника Белучи (54) и Винсент Касел (52). Поранешната брачна двојка се сретна на црвениот тепих двапати во текот на денот, сите заради премиерата на „Неповредлив – инверзибилна интеграција“.

Моника и Винсент првпат се најдоа еден покрај друг  за време на прес-конференцијата,  обајцата видливо расположени, не оставија ниту најмал впечаток дека има нешто лошо во нивната врска по разводот.

Моника во текот на денот се појави во црн костум, додека нејзината вечерна црвена тоалета собра бројни коментари. Нејзиниот поранешен сопруг набрзо и се придружи на црвениот тепих, културно  се поздрави со неа, а потоа позираше за фоторепортерите  во друштво на режисерот Гаспар Ноа.

Интересно е што Моника цело време се смешкаше, и покрај шегите што ги правеше Вансан на штета на својот тим, таа не ја сврте главата, туку гледаше само накај  фотографите.

Иако е општо познато дека Моника ретко се смее толку широко,  по се изгледа дека нејзииниот бивш сопруг знае како да го подобри расположението на својата поранешна сопруга и да и ја задржи насмевка на лицето.

Фактот дека по конференцијата актерката имала само пофални  зборови за својот сопруг, знаци дека тие  останале во добри односи. Касел и Моника беа во брак од 1999 до 2013 година. Имаат две деца, ќерки Дева и Леони. Патем, Венсан дојде во Венеција со својата многу  помлада сопруга, Тина Кунаки.