Моделот Емили Ример плови по Флорида и Карибите во поход по голем плен, а откако на друштвените мрежи сподели фотографии од последната авантура во минијатурно бикини, најзините фанови полудеа.
Емили на друштвените мрежи важи за „најсексипилен риболовец“, а на Инстаграм ја следат речиси 140 илјади луѓе.
На мрежата често поставува фотографии од своите авантури, а во последниот пост објави дека уловила риба која е тешка најмалку 100 килограми.
Следачите ги импресионира со тоа што додека риболови на себе носи минијатурно бикини, а Емили признава дека воопшто не и треба да оди во теретана бидејќи формата и е благодарение на риболовот.
На една од фотографиите ги прашува корисниците да ја погодат тежината на уловот на Бахамите.
„Над/под 50 кг?“, напишала Емили.
Comments are closed for this post.