Благодарение на соработката помеѓу локалната самоуправа и Рудник САСА, младите, спортистите и граѓаните на Македонска Каменица од денеска ќе можат да спортуваат, да се рекреираат и дружат на целосно реконструираните спортски терени лоцирани во рамки на основното училиште „Миле Јанески Џангар“ во центарот на градот.

Покрај неопходните градежни активности, со планот за реконструкција на овој спортски објект беше опфатено и поставување на 800 квардатни метри специјална „спуртон“ подлога, поставување на современи кош-конструкции, игралиште за мини фудбал и терен за популарниот „тенис со нога“.

Оценувајќи ја како важна инвестиција за развојот на младите и спортистите во градот и неговата околина, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во своето обраќање при пуштањето на новите спортски терени, меѓу останатото се заблагодари и на рудникот САСА што ја препознал потребата и ги одвоил неопходните средства за реконструкција на спортското игралиште.

Во името на целата компанија и нејзините вработени, генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној искажа задоволство од успешната реализација на овој проект, што според сите оценки претставува еден од најважните приоритети за младите, за спортските клубови и за сите жители на Македонска Каминица кои го сакаат спортот.