Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се искачи на „покривот” на Африка.
– Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција, раскажува Симоновски.
Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.
– Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врбот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на на седмо небо, гледаш се одозгора, додава делчевскиот планинар.
Симоновски не ја држи место, веднаш по овој подвиг има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик за учество во експедицијата за освојување на Аконкагва во Јужна Америка.
– Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштво и Мон Блан него го планирам. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно, прецизира планинарката од Делчево.
Симоновски претходно на 70 години го има освоено и 5375 метри високиот Арарат, а меѓу позначајните врвови кои ги има освоено е врвот Триглав на Јулијските Алпи.
Најмладиот кој учествувал на експедицијата за освојување на врвот Арарат имал 16 години. За да учествуваш на такви експедициии вели дека желбата е пресудна, а годините се само бројка. Секоја работа како што потенцира е тешка во почетокот, но ако редовно се оди на планинарење, веќе нема враќање назад.
За идните походи, како што додаде, се ќе зависи од финаниските средства, за последното искачување поддршка имаше од Советот на Општина Делчево, но досега, како што додава, средства не барала од никого.
Comments are closed for this post.