Министерот за одбрана на САД, Марк Еспер престојувал во Монголија со цел зајакнување на воените врски меѓу двете земји.
Во министерството за одбрана на Монголија, на Епер традиционално му е подарен коњ.
Еспер на седум години стариот коњ, кој останува во Монголија, му го дал името „Маршал“, по американскиот офицер и државник Џорџ Маршал, познат по улогата во Втората светска војна.
Во разговор со министерот за одбрана, Нијамагин Енкхболдом, Еспер изјавил дека посетата била прилика да се согледааат начините за дополнително зајакнување на соработката. Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Барон, кон крајот на јули на поклон од Монголија доби коњ по име „Виктори“ (Победа).
Коњи од Монголија претходно добиле и американскиот минитер за одбрана Доналд Рамсфелд и Чак Хејгел, како и поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден.
Comments are closed for this post.