Српскиот фолкер Миле Китиќ призна дека ја изневерува сопругата и тоа со многу помлади девојки, но истакна дека смета оти нема ништо лошо во тоа. Како што вели Китиќ за магазинот „Експрес“, тој не чувствува вина поради прељубите затоа што сите тие афери го подмладувале.

Штом ќе променам млада девојка, веднаш ми се освежува крвта. Со духот сум млад, а тогаш сета таа младост околу мене прави и јас да се чувствувам така – вели фолкерот.

Китиќ објаснува дека неговата сопруга е свесна за неговите афери, но дека никогаш не го прашува за љубовниците.

Никогаш не ми поставила прашање во врска со тоа. Таа е паметна жена, не ме прашува за тоа, но всушност знае се. Марта знае дека во вистинската смисла таа е единствената за мене и дека се останато е само дел од работата – вели Китиќ.

Од друга страна, Китиќ е убеден дека неговата сопруга му е верна.

Колку што јас знам, Марта нема љубовник, но доколку ‘шара’, нека го прави тоа паметно. Мене тоа не ми е ништо страшно, се додека не дознаа, – заклучуѕва Китиќ.