Актерката Мила Јовович, која  во 2017 година имаше спонтан абортус, повторно е бремена. 43-годишната актерка, која го подготвува својот нов филм за 2020 година, убавата вест ја соопшти објавувајќи слика на Инстаграм, на која таа е облечена во темен фустан во кој убаво се забележува заоблениот стомак од тримесечната бременост.

Повторно сум бремена. Откако ја дознав веста пред 13 недели почувствував наплив на емоции коишто се движеа од огромна радост до голема преплашеност – напиша Јовович, искажувајќи ја својата загриженост по абортусот што го преживеа во 2017 година и за кој вели дека ќе го помни цел живот.

 

View this post on Instagram

 

Knocked up again.🤫 After I found out I was pregnant 13 weeks ago, I had a mixture of feelings ranging between complete joy and utter terror. Because of my age and losing the last pregnancy I didn’t want to get attached to this potential baby too quickly. That was obviously not fun and the last few months have been my family and I living on pins and needles waiting for a slew of different test results to come in and spending most of our time in doctors offices. Thank goodness we’re in the clear AND we found out that we’ve been blessed with another girl!😆😂🥰 Anyway, wish me and my baby luck! I send you all a lot of love and I’ll keep you posted on my progression! Xoxo m❤️

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich) on

Со оглед на мојата возраст и губењето на претходното бебе, не сакав да почнам да славам премногу рано. Целиот процес не беше целосно исполнет со радост и во последните неколку месеци јас и моето семјество живееме на штрек исчекувајќи ги резултатите од секој преглед – сподели актерката со своите речиси три милиони фанови на социјалната мрежа.

Јовович е мажена за познатиот режисер и продуцент Пол В.С. Андерсон, со кого се запознаа за време на снимањето на филмот „Resident Evil“ што излезе во 2002 година. Тие двајца имаат две ќерки, Евер и Дашиел на возраст од 11 и 4 години соодветно, а актерката сега повтоно носи ќерка.