Британските гледачи останале вџашени кога на ТВ го гледале деформираниот од пластични операции некогаш секс симбол – Мики Рурк. Тој гостувал на Ај-ти-ви во емисијата Добро утро Британија.
Гледачите не можеле да поверуваат дека интервјуто е со актерот кој во 80. години заведуваше жени и го гледаа како наследник на Марлон Брандо и Џејмс Дин.
Рурк (66) разговараше со Сузан Рид и Пирс Морган облечен како каубој, а и самото интервју не било за фалење.
Гледачите не биле импресионирани од тоа што го гледаат како резултат на купот пластични операции кои тотално го деформирале актерот.
На Твитер имаше коментари од типот „Кој е овој“, „Воопшто не личи на Мики Рурк“, „Што по ѓаволите направил од себе Мики Рурк“?
Comments are closed for this post.