Британското ТВ шоу Топ гиар го тестираше новиот Бугати Шерон на специјална патека при што постигна брзина од 420 километри на час.

Тестот на брзината е направен под микроскопот на британските новинари, овој пат на новата спортска верзија на Вејрон, која има повеќе механички подобрувања. Под својата хауба има 8-литарски мотор W16, кој крева сила од 1.500 коњски сили. Цената на овој спортски автомобил е 2,85 милиони фунти.

Брзинскиот тест е направен на специјална патека во Германија долга 8.7 километри

Инаку, рекордот и натаму го држи Бугати Вејрон, со 431 километри на час.