Поради внатрешно ладење, последниве неколку стотици когини, Месечината се смалила за 50 метри, тврдат научници од НАСА кои велат дека земјиниот природен сателит има свои геолошки својства и активност и на неа, а повремено, како и на Земјата и другите планети, се случуваат тектонски потреси.

Анализата докажа дека ваквата активност е сè уште присутна и веројатно предизвикува потреси и денес, оти Месечината и натаму постепено се лади и смалува, тврди Томас Вотерс, научник од Центарот за Земјата и планетарните истражувања при вашингтонскиот универзитет Смитсонијан.

Смалувањето на Месечината, научниците го споредуваат со собирањето на зрно грозје што се суши, но за разлика од кората на зрното, површината на Месечината се распаѓа поради кревкоста, но и поради гравитацијата на планетата Земја. Сепак, потресите на Месечината најчесто се случуваат кога таа е најоддалечена од Земјата.