Бебето на Меган Маркл и принцот Хари би требало да се роди во секој момент. Војводата и војвотката од Сасекс претходно изјавија дека не сакаат да знаат за полот на бебето додека тоа не се роди, но британските обложувалници веќе со месеци заработуваат на кладбите за полот и името на бебето.

Обложувалниците се уверени дека на свет доаѓа девојче кој парот ќе му го даде името Дијана, но едно необично име последниве денови со брзина на светлината се искачи на листата кај обложувалниците.

Станува збор за италијанското име Алегра кое наводно покојната принцеза Дијана би го избрала во случај еден ден да добие ќерка. Алегра на италијански јазик значи радосна, весела и многумина сметаат дека девојчето на принцот Хари и Меган Маркл ќе го добие токму ова необично име.

Во прилог на ова оди и претпоставката дека бебето нема да ја добие титулата Негово/Нејзино Височество па и изборот на името на родителите е со полна слобода од оние кои имаат родители принцови и принцези.