Мартин Ѓорѓиевски од Скопје се движи по тенка лента од 25 милиметри меѓу карпите од Демиркаписка клисура, високо над реката Вардар. Неговиот последен успех беше регистриран кога изоде 20 метри од една до друга карпа.
Овој млад човек за МИА вели дека со опасниот спорт активно се занимава трета година. Веќе има поставено неколку високи линии за поминување по тенка трака или јаже и тоа две на оваа клисура и на неколку други локации во државата.
Со секој ден напредува се повеќе. Овој спорт е поврзан со оние со кои и досега се занимавал. Во земјава се уште е реткост, вели тој.
Ризично е, да. Страшно е. И покрај тоа што сум осигуран со безбедносен појас и ако паднам, ќе висам на два метра под јажето или траката. И ми се случило да паднам. Потребна е сепак и среќа во овој спорт кој е еден од најекстремните во светот. Сепак е ризично, особено на почетокот и крајот на патот бидејќи ако се падне таму, можни се повреди од околните карпи. Но, што поопасно, тоа повозбудливо и поадреналински. Едноставно не можам без ова, нагласува Ѓорѓиевски.
Comments are closed for this post.