Љубителите на филмот во поранешна Југославија ги израдува веста дека ќе се снима продолжение на „Жикина Династија“.
Освен починатите Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ ќе настапи комплетната актерска екипа. Па така во новиот серијал ќе бидат Никола Која како Миша, Весна Чипчиќ како Елза, Владо Петровиќ како Боба и Риалда Кадриќ како Марија.
Риалда е многу среќна што ќе ја повтори улогата на Марија која ја вивна во популарноста и која и го промени животот. Таа живее во Лондон и не се занимава со глума но со задоволсто ќе се појави во новата „Жикина Династија“.
Во животот прифаќам се што креира позитивно искуство. А тоа е комуникација и работа со луѓето кои ги ценам и ми одговараат-вели Риалда, или Марија на Боба, како повеќе милувате.
Comments are closed for this post.