Манекенката Софија Милошевиќ пред неколку месеци беше на насловните страници на српските таблиди поради информациите дека е во врска со сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ.
Таа вест се појави во исто време кога се прошири информација дека Јелена и Душко ќе се разведуваат, по што следуваше и порнографскиот скандал со сликите на коишто се гледа како Карлеуша го изневерува Тошиќ со фудбалерот на Андерлехт, Огњен Врањеш.
Кога се појавија таквите информации, Софија само кратко се огласи на социјалните мрежи дека „адвокатите си ја работат работата“, а се огласи и Карлеуша која ги повика медиумите „да не ги чепкаат недолжните“.
Сега доаѓа нова епизода од целата сага околу Јелена и Душко, со објаснувањето на манекенката која се огласи со својата верзија за случувањата.
Еден така огромен скандал покрена лавина и ја се најдов вмешана во неа. Не знам што да кажам. Единствено нешто што медиумите постигнаа со вмешувањето на моето име е што предизвикаа јас и Јелена Карлеуша да станеме пријателки. Претходно, јас и Јелена се допиувавме, но после сите овие неволји се случи да станеме вистински пријателки“ – изјави Софија.
Comments are closed for this post.