На 7 октомври 2020 ќе се одржи деветтото издание на Европска Ноќ на Литературата. На настанот, кој ќе трае од 18 до 21.30 часот, КИЦ на Македонија во Софија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на Отец Пимен, која оваа година беше преведена на бугарски јазик.
Посетителите на настанот кој се организира од различните културни институти и амбасади на различни локации од центарот на Софија, ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда) каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.
Посетителите кои ќе го изберат читателското гнездо на КИЦ на Македонија во Софија (MOVE.bg, ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе се запознаат со литературното дело на Отец Пимен. Делови од книгата ќе читаат актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, а на присутната публика ќе им се обрати и авторот на книгата.
Comments are closed for this post.