„Ентреритмос Интернешнл Фестивал” годинава 9-ти пат по ред се одржува во Мароко. Како еден од најистакнатите фестивали промовира мир и соживот помеѓу различни култури.

Нашата земја учествува пет пати по ред, па така и оваа година поканети се „Трио Гразиосо”, М-р Кристина Палија (сопран), Д-р Невенка Дуковска (пиано), Памела Велкова (виолина) заедно со уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац, кои повторно ќе ја претставуваат на овој реномиран меѓународен фестивал.

Концертот ќе се одржи во во една од салите за културни настани во ројалната винарија „Кралица Марија”, Демир Капија на 1-ви Октомври, 19.00 часот.

Настанот ќе биде реализиран во Македонија во живо заедно со видео снимка и онлајн учество во Мароко. Поради ограничениот број на гостии почитување на протоколите бројот за резервации е 043 446 500.