Светските медиуми на големо пренесуваат дека пејачката Мајли Сајрус и глумецот Лијам Хемсворт се разделиле и тоа после осум месеци брак. Лавината коментари започнаа кога фановите забележаа дека музичката ѕвезда не го носи венчалниот прстен на својата рака.

Лијам и Мајли се договорија да се разделат на некое време. Цело време се менуваат како партнери и индивидуи и одлучија дека е најдобро да се посветат на самите себе и кариерата“, изјавил близок извор за магазинот Пипл.

Дека дошло да разделување, потврди и ПР-от на пејачката.

Ве замолувам да го почитувате нивниот избор, потврди ПР-от на пејачката.

Светските медиуми пишуваат дека Мајли Сајрус наводно се бакнувала со Кејтлин Картер за време на нивниот заеднички одмор на езерото Комо.

Не се обидуваат тоа да го скријат воопшто. Други луѓе седеле покрај базенот и тоа го виделе“, вели извор и наведува дека Мајли и Кејтлин многу време поминувале заедно.

 

View this post on Instagram

 

rock the boat, don’t rock the boat baby ⚓️

A post shared by Kaitlynn Carter (@kaitlynn) on