Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак“. Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот.

Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. Сите имаа челни ламби за осветлување за движењето по планина, како и дополнителни осветлувачки маркери за во раце. Најспектакуларното за ова традиционално искачување е дочекувањето на зората и изгревањето на сонцето, изјави Александар Стојановски Цули од ПК „Јелак“.

Планинарите пристигнаа од Тетово, Скопје, Охрид, Битола и други градови во четвртото по ред ноќно искачување на врвот Љуботен.