Познатиот американски ТВ-водител Лери Кинг се раздели со својата сопруга Шон Саутуик Кинг по речиси 22 години брак. Таа му беше седма сопруга.
Кинг (85) вчера ги поднел документите за развод во Врховниот суд на Лос Анџелес. Причината што ја посочил, гласи: „ненадминливи разлики” со својата 26 години помлада сопруга.
Ова за многумина е изненадување, оти нивниот брак важеше за еден од најстабилните во светот на славните во САД. Тие имаат и два сина.
Лери Кинг се ожени со Шон 1997 година и таа беше негова седма сопруга по Фреда Милер, Анет Каје, Алејн Акинс, Мики Сетфин, Шерон Лепор и Џули Александер.
Comments are closed for this post.