Првиот електрифициран суперавтомобил на Ламборгини беше претставен пред јавноста во вторникот на Саемот за автомобили во Франкфурт.
Најновата хибридна суперaѕвезда ќе биде позната под името „Сиан ФКП 37“. Именувана е во чест на покојниот Фердинанд Пиеч, кој неодамна почина, а долги години беше „главниот мозок“ на групацијата Волксваген.
На северно-италијански дијалект „Сијан“ се преведува како „огнена топка“.
Новото електрично возило не ја складира енергијата во литиум-јонски акумулатор, наместо тоа поседува „супер-собирач“, сосема различен начин на складирање електрична енергија, развиен во соработка со Технолошкиот институт во Масачусетс, САД.
Сиан е во состојба да развие од 0-100 км на час за само 2,8 секунди и да продолжи до максимална брзина од над 349 км на час – што го прави хибридниот Сијан најбрзиот и најмоќниот Ламбургини досега направен.
Произведени се само 63 модели, сите од нив продадени се по цена од над 2 милиони евра.
Comments are closed for this post.