Во Основниот суд во Битола денеска се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што беше Ванчо Михајлов, за што бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, истакна дека сведокот е недоличен, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола.
На првото судско рочиште битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен.
Второто судско рочиште е закажано за 18 декември кога како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани, Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.
Comments are closed for this post.