Селекција на фотографии работени во последните 10 тина години КОНТРАСТ И ВРЕМЕ, без континуитет и однапред одреден план туку главниот мотив или концепт се: Контрастот како фундаметален принцип во композицијата во дизајнот, сликарството, фотографијата , музикита и времето без кое што цртањето со светлина или фотографијата не може да се замисли, со чија помош се манипулираат и менуваат фотографиите и времето како четврта димензија во пејзажот, известуваат од КСП Подиум- Јадро.


Контраст и време е апстрактен обид.

Јадран Манчев е роден 1974 година во Кавадарци. Основно и средно образование има завршено во Кавадарци. На почетокот на 90-те години почнува да се интересира за графички дизајн и обликување на продукти, надоградувајќи се со новите дигитални технологии кои што ги носи времето. Денеска работи како мултимедијален дизајнер: Илустрација, Фотографија, Видео…
Со фотографија поинтензивно се занимава од 2004 година, во тоа време исклучиво на филм, во 35мм и среден формат, а последните неколку години работи дигитална фотографија.
Од 2008 до 2018 има реализирано самостојни изложби како и учество во повеќе групни настани како Фотомедија –скопје, Млади Ликовни уметници и нивни гости –Кавадарци, БОШ –фестива – Гевгелија …

Автор е и куратор на две фотографски изложби и тоа:
2015 – Благоја Бањански – Фотографии од архивот 1960 – 1977
2019 – Бранко Ивановски – Фотографии од Тиквешките Гроздобери 1965 -1981.
Коавтор е на книгата: Кавадарци низ објективот на старите фотографи – 2014

Настанот е дел од проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

  Изложбата може да се погледне на следниот линк.