Продукциската куќа „Кроација рекордс“ го реиздаде албумот со песни од Блаже Конески, „Проста и строга македонска песна“ што во оригинал беше снимен пред 40 години.
Албумот претставува избор на песни од Конески, што ги рецитира Цветанка Трпкова, во пијано придружба на Љубомир Бранѓолица.
Треба да биде објавен во пресрет на 8 септември, а цедето ќе биде поврзано со четири настани во август и во септември, два во Скопје, еден од Струга и еден настан во Прилеп, појасни денес на пресот, Иван Бечковиќ, супервизор на „Кроација рекордс“ во Македонија.
Comments are closed for this post.