Статусот на британското кралство семејство е меѓу највисоките во светот, но неговите членови, инсистираат да патуваат со комерцијални, наместо со приватни авиолетови.
Затоа, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл неодамна беа тема на критики поради постојаното летање со приватен авион, што многу ја загадува околината, а што е спротивно на принципите за коишто тие двајца се залагаат. Тие критики беа особено силни, откако другиот принц, Вилијам, и Кејт Мидлтон, го почитуваа непишаното правило и патуваа со комерцијален лет, нешто што британската јавност го очекува и од Хари и Меган.
Сепак, за да се овозможи безбедно и непречено патување на кралското семејство, се преземаат голем број специјални мерки, пишува „Cheat sheet“.
Тие имаат посебен третман, кога летаат меѓу обичните патници. Не чекаат долги редови за испитување на безбедноста и не седат во неудобни столици, како останатите. На аеродромот имаат посебни простории за чекање каде се извршува пасошка контрола, проверка на картите картите и другите мерки за безбедност. Во тие простории нема пристап никој освен кралицата и нејзините деца, па така дури и сопругите на принцовите мора да добијат дозвола од кралицата.
Авио-компаниите порано дознаваат дека кралското семејство ќе лета во нивен авион за да имаат време да се подготват. Протоколот се менува во зависност од тоа кој член на семејството патува. Ако патува кралицата, се повикуваат искусни работници, кои имаат искуство со неопходниот протокол на однесување.
Семејството патува во прва класа и тогаш се трудат да го избегнат качувањето на сите други патници, па дури и на посадата, освен ако не се задолжени за тоа.
Членовите на кралското семејство не чекаат во ред и не мора да поминат пола аеродром за да стигант до авионот. Нив ги довезуваат и одвезуваат со автомобил до и од влезот, а сами бираат дали тоа ќе биде пред или по качувањето на сите други. Често седат на места најблиску до вратата, за да бидат први во случај да треба да се излезе.
Comments are closed for this post.