Пејачот Елтон Џон деновиве ќе ја објави автобиографијата под наслов „Јас, Елтон Џон“, а британските медиуми веќе објавуваат деталји од книгата.

Мигот кога ја запознал принцезата Дијана

Тоа се случило 1981 година, непосредно пред таа да се омажи за принцот Чарлс, на роденденска прослава на британското кралско семејство, којашто поп-пејачот ја опишува како „најтивката диско-забава на светот”.

Се појави кралицата, со чантичката в рака. Пријде и праша дали смее да ни се придружи. Потоа, се обидов да танцувам што е можно потивко со принцезата Ен и со кралицата – додека на таа, ми се чини – најтивката диско-забава на светот, музика пушташе Бил Халеј, пишува Елтон Џон… А, тогаш во салата за танцување влезе Дијана. Веднаш се пронајдовме и го минавме остатокот од вечерта танцувајќи заедно, додава тој.

После тоа, Елтон Џон и принцезата Дијана останаа пријатели сѐ до нејзината смрт.

Откако ја запознав, таа е извонредно друштво, најдобар гостин на секоја вечера, неверојатно индискретна, вистинска „озборувачка“: Можевте да ја прашате што било, таа ќе ви кажеше. Како нејзин пријател, таа ме воодушевуваше, пишува Џон.

Караницата на холивудските ѕвезди околу Дијана

Во раните 1990-ти, Дејвид Фурниш – сегашниот сопруг на Џон, дошол во Лондон со тогашната сопруга и пејачот им приредил вечера. Кога ги прашал – кого посебно сакаат да го запознаат, тие веднаш одговориле – принцезата Дијана.

На вечерата, освен принцезата Дијана, ги повикав и Џорџ Мајкл, сценаристот Ричард Куртис и неговата сопруга Ема Фрауд и глумците Ричард Гир и Силвестер Сталоне, раскажува Џон.

И, тогаш меѓу Ричард Гир и Дијана се појавила „искра“. Во тој миг таа и принцот Чарлс веќе биле разделени, а Гир штотуку раскинал со Синди Крафорд.

Сепак, нивното пријателство не му се допадна на Сталоне, па тој побесна… Така, кога вечерата беше послужена, Гир и Сталоне веќе не беа таму, истакнува Џон.