Според весникот „Ил Фато Котидијано“, 21 музичар на познатиот милански театар „Ла Скала“ биле заразени со коронавирус, а инфекцијата се шири и меѓу уметниците на подеднакво познатиот неаполски театар „Сан Карло“, каде што 12 уметници биле позитивни на Ковид-19.

Двата театри се затворени, просториите се дезинфицирани, а претходно закажаните концерти се откажани.

Новите построги мерки на италијанската влада за спречување на ширењето на Ковид-19 влијаат на голем број уметници чии синдикати најавуваат протест низ Италија на 30 октомври.