Ќерката на некогашниот супермодел Синди Крафорд, Каја Гербер цврсто чекори по патот на мајка ѝ и полека го освојува светот на модата.
Младата манекенка која штотуку стана полнолетна, на раскошната забава во хотелот „Едишн” во Њујорк дојде во црно кожено мини-здолниште и боди со кожени ленти, со фризура во стилот на деведесеттите.
Сличноста меѓу мајката и ќерката е забележителна, па модните познавачи и љубитеите на Крафорд сѐ уште говорат за паралели во нивните кариери.
Гербер деновиве е ангажирана на Њујоршката модна недела, а обожавателите ќе можат да ја видат на насловната страница на британскиот „Вог“ за октомври.
Comments are closed for this post.