Најголемите 50 компании во Република Северна Македонија утре ќе имаат можност да присуствуваат на Конференција за донирање вишок на храна која во организација на „Сите сити“  ќе се одржи во Скопје Мериот хотел.

На 19 јуни во 11 часот присутните претставници на најголемите компании ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.

Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“ кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна. На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат излагање и Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како и претставници на бизнис секторот.