Финалето на “Супербоул“  во НФЛ лигата продолжува да биде најгледаниот спортски настан во Америка, а со тоа и најголемата платформа за рекламирање.

Многу компании се обидуваат да ја изработат  најдобрата реклама за тој ден,  која ќе биде емитувана  меѓу бројните реклами кои се прикажуваат  на јавноста за време на играта.

Минатата година “Супербоул”  го следеа 103,4 милиони Американци, што е  најмал број во изминатите неколку години, но намалувањето на бројот на гледачи не  го следи пад  на цените за рекламирање.

Имено, Си-БИ Ес оваа година за 30 секунди  реклама  бараат неверојатни 5,1 до 5,3 милиони долари.

Рекламните цени  растат во  последните десет години. На пример, просечната цена на рекламирање во 2010 година изнесуваше 3 милиони долари, во 2014 година веќе достигна 4,2 милиони, а во 2017 година, за прв пат, беше донесен магичниот износ од 5 милиони долари за 30 секунди реклами.

Сепак, зголемувањето на цените не влијаеше врз намалување на рекламирањето , што е прикажано со фактот дека Си- Би-Ес  веќе продаде 90 % од рекламниот простор во текот на играта.