Бурманската митологија е позната како Махаботе и има важна симблика во Мјанмар. Поделен е според денот на раѓање и дава точни податоци за вашата личност. Проверете дали е така.

Понеделник- Тигар

Со ова животно владее Месечината а правецот на владеење е кон исток.Вие сте многу внимателни, интелегентни и многу интуитивни кои добро ги запазува деталите..Многу сте трпеливи и силни и не можете да поднесете луѓе кои сакаат да ве искористат ниту оние што го губат времето залудно. Кога ќе си поставите цел посветени сте да дојдете до него. Одоговорни сте и не сакате да ги кршите законите.

Вторник-Лав

Со лавот вадее месечината а правецот му е југоисток. Роден сте водач, благородни сте, достоинствени и чесни.Многу сте и горди.Добра карактеристика ви е волјата и самоувереноста.Сакате предизвици и сакате да се справите со нив.

 

Среда родени од  00 do 12h – Слон со заби

Со ова животно владее Меркур а правецот му е југ. Среќни сте и полни со ентузијазам.Сакате ризик и уживате во предизвици бидејќи тие ве исполнуваат. Стравствени сте и сакате да бидете во центарот на вниманието. Сакате сѐ да контролирате и многу сте независни

 Среда од 12h do 24h – Слон

 

Слонот што нема заби го владее планетата Раху а владеењето му е северозапад. Многу сте контрадикторни и не можете да разберете што се наоѓа во вашиот ум.Не сакате да ви се мешаат во животот. Добри сте претприемачи и сакате се да биде по ваше.

 

Четврток-Глушец

Со глушецот владее Јупитер а правецот му е запад. Многу сте духовити, брзи и интелегентни.Многу сте снаодлив и попустлив ако знаете дека ќе имате корист. Многу сте интровертни и кога нешто ќе наумите го остварувате.Амбициони сте се разбира.

Петок-морско прасе

Со вас владее Венера кон север. Ви сте чиста уметничка душа и сакате да мечтаете. Многу сте иновативни и полни со идеи. Ве сакаат бидејќи сте симпатични, љубезни, ве погодуваат туѓите емоции и сте голем пријател. Понекогаш сте неодлучни и не знаете што сакате во животот.

 

Сабота-Змеј

Со змејот владее Сатурн кон југозапад. Роден сте филозоф, привлечни и самоуверени со одличен смисол за хумор и ширите позитивна енергија и имате разбирање за сите. Сакате да работите во изолација бидејќи сметате дека на тој начин најдобор ги завршувате работите.

 

Недела-Гаруда

 

Гаруда е морска птица кое може да се пронајде во Индија и Бурма. Со нив владее Сонцето кон североисток.Многу сте љубезни и великодушни.Сакате предизвици а колку тие се потешки повеќе сте мотивирани да ги исполните. Енергични сте и не сакате падовите и неуспесите да ве обесхрабрат.