Неверојатно видео е снимено во Јужна Каролина, САД, од сопственикот на куќа во Миртл Бич – алигатор доаѓа пред вратата на куќата, се крева и ѕвони на ѕвончето.

На виралното видео се гледа како алигаторот се крева и се обидува со едната нога да го допре ѕвончето.

Иако за газдарицата станува збор за многу возбудливо видео, нејзините соседи не мислеле така – тие биле шокирани од тоа што го гледале, па им се јавиле на надлежните служби да го отстранат непоканетиот гостин.

Тие тоа го сториле, но на соседството им укажеле да не креваат паника зашто толку мал алигатор не е опасен за човекот.