Книга на Шекспир е продадена за рекордни, речиси 10 милиони долари.

Аукцијата е одржана во Њујорк. Книгата е од 1623 година и е познато како Прва едиција и во себе вклучува 36 пиеси на Шекспир. Дел од нив пред тоа не биле објавени и постоела опасност да бидат изгубени.

Книгата е една од само шест примероци, што се наоѓаат во приватни колекции.