Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово доби средства од Министерството за култура со кои ќе се изврши значаен инфраструктуен зафат-реконструкција на покривната конструкција.
-Како установа добивме еден милион денари од Министерството за култура, средства наменети за реконструкција на покривната конструкција-куполата на објектот. Средствата според предвидувањата најверојатно нема да бидат доволни, но ќе побараме уште финансии за да заврши овој значен потфат, истакна Арлинд Хусеини, директор на Центарот за култура.
Хусеини, кој е директор од февруари вели во изминатиот период од околу еден месец откако е назначен со средства на Центарот се работело на уредување на надворешноста и во дворот од заедниот дел од објектот.
-Со средства на Центарот сакам да се уреди предниот дел од фасадата на објектот кој е дотраен. Воедно и слични работи кои ќе помогнат за подобра функционалност и уреденост на објектот, рече Хусеини.
Во зависност од средствата ќе се обиде да го среди и наследениот проблем со третиот кат од административниот дел од Центарот каде нема електирична енергија.
-Електрична енергија нема само на третиот кат. Некаде во декември 2020 се случил дефект по што изгорена е електричната табла со осигуривачи за довод и одвод на струја. Ќе направиме напори да се среди и овој проблем, истакна Хусеини.
Центарот за култура „Иљо Антески Смок“-Тетово е изграден во 1973 година има простор од 6.500 метри квадратни.
Comments are closed for this post.