Памучно семе засадено овој месец од кинеската сонда Чанг-4 се појави над површина на темната страна на Месечината. Ова е прв ваков случај во историјата на човештвото, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.

Освен семиња од памук, засадени се и компири и арабидопсис – растение од семето на синап. Тие сега растат во запечатен контејнер на површината, каде што ќе се обидат да формираат мини биосфера.

Ова се добри вести. Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има големи проблеми за астронаутите да одгледуваат свои посеви во контролирани услови на Месечината, изјави австралискиот астроном Фред Вотсон.

Растенија претходно успешно се засадени на Меѓународната вселенска станица, но тоа е првпат на површината на Месечината.

 

Тоа би значело дека астронаутите ќе можат да „произведуваат” храна и на нашиот природен сателит, но и каде било во Вселената, истакнуваат од агенцијата.

Кина сака да постави лунарна истражувачка база еден ден, користејќи 3Д принт технологија за изградба на објекти, изјавија од Кинеската вселенска агенција.

Кина објави видео од темната страна на месечината

Ден претходно Кинеската вселенска агенција објави видео снимено од страна на робот-возилото Јуту-2 на Месечината, откако вселенската направа стана првиот вештачки уред што слета на неистражената далечна темна страна на сателитот на Земјата.

Кинеската програма за истражување на Месечината започна во 2004 година.

Досега вклучуваше слетувања на површината на Месечината и доставување примероци назад на Земјата.