Најпознатата ријалити ѕвезда во светот, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест ја продолжуваат традицијата на своите деца да им даваат посебни имиња кои ќе бидат звучни тогаш кога и тие самите, како возрасни луѓе, ќе одлучат да се занимаваат со шоу бизнис.
Таа веќе има три деца, а нивните имиња се прилично необични: Норт, Сеинт и Чикаго.
Имено, Ким и Кание вешто си поиграле со значењето на презимето на раперот Вест, кое на англиски јазик означува „запад“. Така значењето на името на најстарата ќерка, во комбинација со презимето, значи „северо-запад“, додека средниот син „Свети Вест“, а најмалата ќерка „западно Чикаго“.
Додека две деца роди по природен пат, заради проблеми со плацентата на помош повика сурогат мајка за третото дете, а ист е случајот и со четвртото кое е на пат.
Парот овој пат чека момче, а на изненадување на многумина, тие одлучиле да му дадат име кое не ја продолжува традицијата на претходните три.
„Ќе се вика Роб, што е прекар на мојот брат Роберт. Кание се согласи со тоа. Иако тоа уште не е конечна одлука бидејќи на децата главно имињата им ги даваме неколку денови откако ќе се родат, кога ќе сфатиме кое име најмногу му прилега, али судејќи по се ќе се вика Роб, иако тоа не се вклопува со имињата на останатите три деца. Норт, Сеинт, Чикаго и Роб, не звучи баш изедначено, зарем не?, открила Ким во ноќното шоу на комичарот Џими Кимел.
Comments are closed for this post.