Кинеското вселенско летало е во позиција да се спушти на темната страна на Месечината за прв пат во историјата, објави агенцијата Синхуа. Станува збор за мисија за која Кина сака да ја унапреди во вселенска програма.

Леталото за истражување Чанг’е-4 влегло во планираната орбита во неделата „за да се подготви за првото меко слетување на подалечната страна на Месечината“, го пренесува агенцијата соопштението на Кинеската национална вселенска администрација. Во него не се кажува кога ќе се случи слетувањето.

Месечината е цврсто позиционирана во однос на Земјата, ротирајќи со иста брзина како што ротира нашата планета, па така ние никогаш не можеме да ја видиме „темната страна“. Претходно други вселенски летала ја виделе подалечната страна, но ниогаш не слетале.

Синхуа јави дека вселенското летало се наоѓа на само 15 километри од површината на Месечината. Тоа кога ќе слета ќе врши истражувања на минералите, на формата на теренот, ќе врши астрономски набљудувања и ќе ја мери радијацијата.

Кина сака до 2030 година заедно со Русија и со САД да стане водечка светска сила во вселената и планира да изгради своја вселенска станица на која ќе има луѓе.