Судот во Лос Анџелес донесе пресуда дека пејачката Кејти Пери и нејзините коавтори ќе треба да  платат  2,78 милиони американски долари обештетување на христијанскиот рапе, р чија песна беше искористена во спотот  „Dark Horse“, пренесуваат  светските агенции.

Едногласна одлука на жирито доаѓа пет години откако Маркус Греј и двајцата коавтори ја тужеа, обвинувајќи ја  Пери дека  ритамот и инструменталниот дел од нејзината песна „Dark Horse“ се украдени  од „Joyful Noise “ – на Греј објавена во 2008 година.

„Dark Horse“ стана еден од главните хитови на пејачката од нејзиниот албум „Призма“. Композицијата остана четири недели на врвот на хит-парадата на списанието Билборд, а во 2015 година беше номинирана за Греми награда во категоријата Најдобри поп перформанси во Дует или Група.