Судот во Лос Анџелес донесе пресуда дека пејачката Кејти Пери и нејзините коавтори ќе треба да платат 2,78 милиони американски долари обештетување на христијанскиот рапе, р чија песна беше искористена во спотот „Dark Horse“, пренесуваат светските агенции.
Едногласна одлука на жирито доаѓа пет години откако Маркус Греј и двајцата коавтори ја тужеа, обвинувајќи ја Пери дека ритамот и инструменталниот дел од нејзината песна „Dark Horse“ се украдени од „Joyful Noise “ – на Греј објавена во 2008 година.
„Dark Horse“ стана еден од главните хитови на пејачката од нејзиниот албум „Призма“. Композицијата остана четири недели на врвот на хит-парадата на списанието Билборд, а во 2015 година беше номинирана за Греми награда во категоријата Најдобри поп перформанси во Дует или Група.
Comments are closed for this post.