Кефреновата пирамида што се наоѓа во Гиза во Египет, ќе биде отворена за посетители по целосното реновирање што траеше два месеца, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Реновацијата ги опфати скалите до пирамидата, внатрешното осветлување и засилување на слабите места во ходниците. Властите за наскоро најавија и реновација на Микериновата пирамида.

Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата пирамида во Гиза се на списокот Светски културни наследства.