Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.
Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.
Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.
И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.
Comments are closed for this post.