Канадската Влада за вакцините вчера даде одобрение да може да се промени вакцината против ковид-19 кога се прима втората доза.
Поединци кои ја примиле првата доза на вакцината „Астра-Зенека” може да добијат или втора доза од истиот производител или од „Фајзер”/„БиоНТек” или „Модерна”, соопшти Националниот советодавен комитет за имунизација (CCNI).
Одборот посочува дека при мешање може да се создаде „можност за краткорочно зголемување на несаканите ефекти (…), особено главоболки, чувство на замор и општа слабост”. Комбинацијата на вакцини од различни производители не е непозната: се користи за грип и хепатитис А.
Comments are closed for this post.