Модерното време и зголемените развој и достапност на технологијата може да предизвикаат и негативни последици. Една од нив е што децата стануваат „зависни“ од мобилните телефони или компјутерските екрани и поголем ден од денот го минуваат гледајќи во нив.

А, доколку сте еден од родителите што не можат да ги „одлепат“ своите деца од екраните, еве план што може да ви помогне во таа намера.

Британмската писателка Тања Гудин, ја напиша книгата „Престанете да гледате во екраните“ во која пишува како да му помогнете на детето да има здрав однос со технологијата.

1. Бидете пример

Се почнува од вас. Дали ќе успеете да го одвоите детето од екранот зависи од тоа колку вие самите ги употребувате тие уреди. Критички согледајте ги своите навики и прво почнете нив да ги контролирате.

2. Фокусирајте се на времето и местото

Полесно е да се најде „дупка“ во компликуваните правила. Поврзете го времето поминато пред екран со одредено време во текот на денот и со одредени простории во домот. Така правилата полесно ќе се почитуваат.

„Нема телефон додека не го изедеш доручекот“ или „телефонот не може да биде во собата за време на ноќта“ се добри правила за почеток.

3. Нека знае дека има последици

Бидете јасни во врска со тоа дека постојат последици доколку прекрши некое од правилата што сте ги поставиле и сепак го земе телефонот. Тоа што е важно е доколку детето го прекрши вашето правило, навистина да ги почувствува тие последици, наместо само да му се заканувате со нив.

4. Објаснете на кој начин се создава зависноста од екраните

Издвоете време за да им објасните на децата дека компјутерските игри и социјалните мрежи се направени така за да ги намамат да постојано да продолжуваат. Нотификациите, неочекуваните награди, натпреварувањата во игрите… Разговарајте со децата за тоа, но и за другите начини на кои разните софтвери може да ги намамат.

Факт е дека разговорот на оваа тема ќе биде полесен со повозрасните деца, коишто можеби и ќе ги заинтересира во какви се замки може да бидат навлечени.

5. Место за телефоните

Одличен начин за да не ги држите постојано телефоните во раце е да имате централно место каде што сите во домот ќе ги чуваат своите телефони. Тоа ќе ви обвозможи да се фокусирате на други работи.

6. Забавувајте ги на пауза

Времето кога детето не седи пред компјутерот или телефонот направете го време за забава што ќе можете да го поминете надвор или во игра. Освен тоа, може да воведете правило дека за секој час што детето ќе го мине пред екран, мора да помине 15 минути надвор.

7. Само еден екран

Во многу случаи чепкаме по телефонот дури и кога гледаме телевизија. Престанете со тоа така што ќе забраните употреба на повеќе екрани истовремено. Тоа може да биде шанса за да поминете заедно време и да гледате некој филм интересен за целото семејство.

8. Понудете алтернатива

Понекогаш најдобар пристап е да ги пуштите децата да почувствуваат здодевност без екраните, за да имаат можност самите да најдат решение и друга занимација. Но, може да помогне и вие да им понудите некоја алтернатива, организирајте некои заеднички активности во кои ќе уживаат (може да цртате, да читате или да одите на пливање) со што ќе ги потсетите дека покрај екранот, постојат многу други забавни работи.

9. Бидете смирени

Виукањето нема да помогне во оваа ситуација. Земете длабоко воздух пред да се соочите со ситуацијата со којашто не сте задоволни и обидете се со детето да разговарате што посмиренио, објаснувајќи му што треба да се промени. Охрабрете ги децата и тие смирено да зборуваат, така полесно ќе дојдете до решение.

10. Забранете телефон/компјутер во овие ситуации

Времето што децата го поминуваат пред компјутерот или телефонот придонесува за тоа тие малку време да поминуваат со семејството. Решете го тоа така што ќе им забраните користење на телефонот кога се сами со еден член од семејствот. На пример, нема телефон и игрици кога детето е само татко му, баба му, дедо му…

Ова се дел од постапки што може да во помогнат да ги одвикнете децата од постојаната употреба на телефоните или компјутерите, а најважно кога ги применувате е тоа да им покажете дека со постојаното гледање во екраните пропуштаат многу други забавни активности.