Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу повторно имал инцидент додека веслал со својот кајак.

Грчките медиуми јавуваат дека на Папандреу несреќата му се случила додека бил на одмор на островот Скијатос. Во медиумските написи се додава дека Папандреду, познат како страствен спортист, особено за кајакарствотото, годинава заминал на одмор без претходно да имал тренинзи.

Можеби и тоа е една од причините тој минатата недела да доживее несреќа. Тој успешно веслал далеку од брегот, но потоа кога се приближил до пливачката зона удрил во карпа, по што кануто му се превртело, а тој паднал во вода. По несреќата бил примен во болница, а по извршените медицински прегледи бил пуштен дома.