Најмалото родено бебе во светот, кое тежеше само 268 грама, расте во совршено здравје и по шест месеци е отпуштено од специјалниот породилен оддел.

Клиниката Кеио во Токио вчера соопшти дека бебето кое беше тешко само 268 грама и можеше да се стави во сад за путер, е отпуштено од интензивната нега и сега тежи нормални 3,2 килограми и е во добро здравје.

Бебето беше породено на 22 август со царски рез откако било констатирано дека тоа не расте и неговиот живот е доведен во опасност. Лекарите успеале да ги решат главните проблеми со исхраната и со дишењето, па така бебето постепено почнало да расте, па дури и почнало да цица.

Бебиња кои се родени со тежина под 1.000 грама се со ризик од срцеви заболувања, проблеми со дишењето како и од сериозни инфекции затоа што нивните органи не се развиваат.

До сега ниту едно бебе родено толку мало не било пуштено од интензивна нега без какви било здравствени проблеми.