Хариет  Озборн, од  Велика Британија,  била симната од авионот на релација  од Малага во Лондон, поради недолично откривање на нејзините физички атрибути. Патничката  носела блуза со многу долго деколте и без градник.  Како што подоцна раскажала британката, стујардесата побарата да го напушти авионот поради неподобниот избор на облека, јавува БГНЕС

Од  своја страна, пак авиокомпанијата “ЕasyJet“ вели дека  жената не била пуштена во авионот поради непримерното однесување.

Според претставникот на авиокомпанијата, тимот ја  замолил Озборн да наметне нешто на блузата. Жената наводно се согласила, но продолжила да ги навредува стујардесите на  авиокомпанијата. На Озборн потоа и било  наредено да ја покрие ноќта на аеродромот  и да купи билет за друг лет.