Израелското вселенско летало „Беретштет“, што на хебрејски значи „Битие“, кое е на пат за Месечината ја испрати првата фотографија на која се гледа знамето на Израел, снимено од вселената со селфи камера, на далечина од 37.600 километри од Земјата.
At a distance of 37,600 km from Earth, #Beresheet’s selfie camera took a picture of #Earth. Australia can be clearly seen! This photo was taken during a slow spin of the #spacecraft & for the first time see the #Israeli flag 🇮🇱 & text, “am yisrael chai.” #IsraelToTheMoon #SpaceIL pic.twitter.com/ELFZsaShXg
— Israel To The Moon (@TeamSpaceIL) March 5, 2019
На плочката поставена на леталото под знамето пишува „Am Jisrael haj“, што во превод значи: „Народот на израел живее“ и „Мала земја, големи соништа“, а во позадина се гледа јужната Земјена хемисфера и Австралија.
Леталото пред две недели беше лансирано од Флорида со помош на ракетата „Фалкон 9“ во сопственост на Илон Маск. „Беретштет“, кој е со големина на машина за перење и тежи 585 килограми, ќе кружи околу земјата во се поголеми кругови додека не биде зафатен од Месечевата тежа и влезе во месечевата орбита. Слетувањето е планирано за 11 април.
Ако мисијата биде успешна, „Беретштет“ ќе биде запаметено како првиот приватен вселенски брод кој долетал на Месечината и прв за Израел.
Comments are closed for this post.