Капитализмот и годинава доби удари во лицето и покажа модринки, пишува Форбс во текстот за годинешнава листа на милијардерите во светот. Ударите се објаснети со тоа што втора година по ред во последната деценија се забележува намалување на бројот на милијардери – 55 помалку отколку лани. Последната листа вели дека во светот има 2.153 милијардери. Најбогатите во светот, значи и меѓу милијардерите, тежат 8.7 трилиони, што е за 400 милијарди долари помалку од лани.

Најголемо намалување на бројот на милијардерите имало во Азиско-пацифичкиот регион, 60, а најмногу во Кина – 49 помалку од лани.

Орото го водат Америка и Бразил, каде има повеќе милијардери од лани. Во САД се регистрирани 607 милијардери, од кои 14 се на листата од топ 20 во светот.

Најмлада милијардерка е Кајли Џенер, која на 21 година веќе тежи 1 милијарда долари.

На прво место е Џеф Безос, основачот на Амазон, кој има 16 проценти удел во компанијата, и кој лани богатството го зголемил за 19 милијарди и стасал до 131 милијарда. Бидејќи Безос се разведува не се знае колку сопругата ќе му одземе од дебелото конто.

Зад него е Бил Гејтс кој тежи 96,5 милијарди долари (лани имал 9 милијарди). Инвеститорот Ворен Бафет има богатство од 82,5 милијарди.

Бернар Арну – 76 милијарди

Карлос Слим – 64

Амансио Ортега -62.7

Лери Елисон – 62,5

Марк Закерберг – 62,3

Мајкл Блумберг – 55,5

Лери Пејџ – 50,8